„На денешен ден навршува 81 година од холокаустот на 7.144 македонски Евреи кои бугарските фашисти и германските нацисти ги депортирале во логорот Треблинка на 11 март 1943 година.

Оваа човечка трагедија и ужас никогаш да не се повтори.

Да ја менуваме реалноста, да ја браниме слободата и мирот, и со дела да покажеме хуманост и почит кон сите луѓе. Заштита и признавањето на човековите права е фундаментот за взаемно почитување и напредок кое како општество мораме да го имаме”, изјави Христијан Мицкоски.

Извор: Скопје1