Во Загреб, полицаец (46) беше уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал и малтретирал својата невенчана сопруга. Приведен е заедно со двајца негови пријатели, на возраст од 59 и 47 години. Тие  исто така се осомничени за сексуално злоставување на партнерката на полицаецот.

Жртвата, која има дете со полицаецот, пријавила кривични дела силување и малтретирање. Траеле од 2010 година до пред неколку недели, кога конечно собрала храброст да ги открие деталите за нејзиното страдање.

Ужас во Грција: Полицаец обвинет за долгогодишно семејно насилство и силување

Според нејзиното сведочење, освен сексуалното злоставување, полицаецот ја малтретирал физички и психички, ја принудувал да има сексуални односи со други мажи, вклучувајќи негови кумови и братучеди, а ја терал и на проституција. Уште пострашно е што полицаецот ја малтретирал невенчаната сопруга пред очите на нивното дете.

Осомничените пријатели на полицаецот ја силувале партнерката, а еден од нив ја претепал. Загрепското обвинителство предложило мерка притвор за тројцата осомничени, која беше одобрена од истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб, кој одлучи да ги испрати во притвор за да се спречи нивното влијание врз сведоците.

Таа го пријавила својот невенчан партнер откако се посомневала дека тој почнал да ја злоставува и нивната ќерка.

Уапсените лица се соочуваат со неколкугодишна затворска казна доколку се покренат обвинение и судска постапка.

Полицијата продолжува со истрагата за разјаснување на сите детали околу овие ужасни настани.

Извор: Слободен печат