Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет
Вчера во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
