Недоразбирања околу малолетна ќерка завршија со насилство

На 27 јуни 2025 година, околу 15 часот, во ходникот на Центарот за социјални работи во Пехчево, настанала физичка пресметка помеѓу две лица, поради недоразбирања поврзани со нивната малолетна ќерка. Настанот е пријавен во Полициската станица Пехчево.

Според официјалната пријава, до инцидентот дошло по расправија помеѓу В.Т. (27) од Гевгелија и В.П.Н. (23) од Пехчево, при што В.Т. ја турнал В.П.Н. кон прозорец, по што таа паднала во дворот на објектот.

Укажана итна помош

На повредената жена ѝ била укажана медицинска помош од Итната медицинска помош – Пехчево, додека лицето В.Т. е приведен во полициска станица. Надлежните информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.