За време на комеморацијата за смртта на Дејан Миловановиќ, на стадионот „Рајко Митиќ“ се случи драматична сцена. Легендарниот фудбалер и поранешен селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски, се урна зад говорницата откако нагло му се слоши.
Ѓуровски се онесвести за време на говорот
Додека се обраќаше пред присутните, Ѓуровски побара чаша вода, но веднаш по тоа падна на земја. Настанот ја потресе публиката и спортската јавност, а моментот предизвика голема загриженост за неговото здравје.
Се чекаат информации за неговата состојба
Српските медиуми пренесуваат дека засега нема официјални детали за здравствената состојба на Ѓуровски и јавноста очекува повеќе информации. Потсетуваме, Миловановиќ почина на 16 септември, откако му се слоши за време на натпревар на ветераните на Звездара и ПКБ.