Нема нешто што досега го немаме дознаено за Дамиано Давид. Почнувајќи од тоа за што мечтаел како дете, како му се вика мачката, кој му е брат и како изгледа, потоа со кој се забавува…
Без разлика дали го сакате или не, не може да се оспори дека досега покажа и прекрасно воспитување, иако е бунтовник, но и дека многу ги почитува жените. Многумина коментираат дека неговите родители завршиле одлична работа и дека ништо од тоа не би било доколку тие на својот син не му ги всадиле вистинските вредности.
Токму од тие причини, обожавателите беа љубопитни и сакаа да дознаат како изгледаат неговите родители и со што се занимаваат, а особено неговата мајка, на која тој многу личи.
Мајка му и татко му на Дамиано се занимаваат со иста работа, односно, тие се стјуард и стјуардеса. Благодарејќи на тоа, Дамиано и неговиот помлад брат Јакоп патувале низ светот, а на социјалните мрежи можат да се најдат ретки фотографии, воглавно од Кина, каде прославувале едне од празниците.
Росела Скуњамиљо е преубава жена со долга кадрава коса и навистина, сличноста помеѓу неа и нејзините синови е навистина голема. Дамиано често истакнува дека таа му е најважна во животот, а во продолежение погледнете ги фотографиите од мајка му и татко му на пејачот, кој ја раздрма Европа: