„Овој предлог ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот“.

Ова вчера го истакна премиерод Димитар Ковачевски откако потврди дека е добиен нов француски предлог.

Откако јавноста го доби предлогот на увид и веднаш сфати дека не станува збор за НОВ туку за предлог со неколку изменети модификации и термини, оправдано се јави револт кај граѓаните.

Па така, Владата на чело со СДСМ одлучи да прикаже слика дека консултациите навистина почнале и денес организираа средба.

Доволно е да погледнете кои “експерти“ се седнати на маса да се консултираат, за да сфатите дека со ваквиот чин владата ја потценува интелигенцијата на македонскиот народ.

СДСМ симулира консултации, а спроти своите претставници ставиле свои сопартијци, гласноговорници, перјаници, кои секој ден јавно и гласно ги правдаат сите чекори на оваа партија, колку и да се штетни тие за државата.