Додека успехот на масовната вакцинација против Ковид-19 во САД го поттикна оптимизмот за повторно патување со стартот на летото, властите во Европа велат дека забавениот напредок на процесот на имунизацијата, проследен и со новите бранови на мутации на вирусот веројатно ќе значи дека туристичките патувања нема да бидат возможни сè до крајот на летото, посочува анализата Travel Weekly.

-Не гледам дека се случува нешто во однос на отворање на цела Европа пред крајот на јули, вели Том Џенкинс, извршен директор на Европската асоцијација за туризам. „Постои можност јули да ветува нешто, но повеќето сметаат дека масовни патувања би се случиле во август, септември.

Според него, исклучок може да биде Велика Британија, која е предводник во имунизацијата во Европа. Постојат извесни примери како што е Исланд, кога од 6 април дозволи влез на странци, но кои можат да покажат доказ за вакцина или потврда за прележана болест. Грција соопшти дека се надева дека ќе се отвори во средината на мај за вакцинираните патници. И Хрватска ги укина ограничувањата за патување за целосно вакцинирани посетители.

И многумина очекуваат повеќе земји, особено во Јужна Европа, да го следат примерот.

Извршниот директор на Европската комисија за патувања Едуардо Сантандер изјавија дека сегашниот пејзаж на патувања изгледа многу слично како и пред една година.

-Покрај неколку дестинации со релативно стабилна епидемиолошка состојба на југот на Европа, патувањата во суштина се во мирување низ цела Европа“, рече Сантандер. „Многу европски земји воведуваат построги мерки во моментов со надеж дека брзо ќе го запрат третиот бран на инфекции. Добрата вест, рече Сантандер, е дека се чини дека постои политичка волја од страна на членките на ЕУ да донесат дигитален здравствен сертификат за вакцини, тестови за ковид и оние кои прележале ковид со цел да ги отворат границите низ регионот.

Сантандер рече дека се надева дека планот може да биде усвоен до јуни и рече дека постои надеж дека ЕУ и САД можат да постигнат договор за заедничка технологија за вакви сертификати за олеснување на патувањето.