Според Центарот за контрола и превенција на болести во САД досега се аплицирани 332.345.797 вакцини. Во студијата се наведува дека ако биле дадени половина од вакцините, ќе имало приближно 120.000 дополнителни смртни случаи и уште најмалку 45.000 хоспитализации.
Во САД до вчера пријавени се речиси 604.000 смртни случаи од последици од Ковид.
Анализата на АП врз основа на владините податоци од мај откри дека скоро сите смртни случаи од Ковид-19 во САД се меѓу невакцинирани лица. Во мај се регистрирани 0,8 отсто смртни случаи кај вакцинираните лица.
Директорот на американскиот Национален институт за алергија и инфективни болести и советник во Белата куќа, Ентони Фаучи истакна дека повеќето смртни случаи кај невакцинираните би можеле да бидат „избегнати и спречени“.
Истражувачите ја испитувале вакцинацијата и и траекторијата на пандемијата од октомври 2020 до јули 2021 година. Тие споредија две сценарија: едно испитување на тековниот тек на вакцинирање, и друго кога би биле дадени половина од дневните вакцини.
– Вакцините неверојатно беа успешни во намалувањето на ширењето на вирусот и спасија стотици илјади животи само во САД. Сепак, се додека поголемо мнозинство Американци не се вакцинираат, многу повеќе луѓе се уште можат да починат од овој вирус. Опасноста не е завршена. Сега не е време да не се плашиме, посочи авторот на студијата Алисон Галвани.