Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа.
Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет.
Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор.
Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат.
Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:
-Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани.
-Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години.
-Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели.
-Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.
Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.