Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место“.

Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да се имунизираат, како и да се отвори „драјв-тру“ за возачи на скутери и велосипедистите.

Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општинските згради, летните кина, на базени …

Веќе подолго време има идеи вакцинацијата да се спроведува на места каде што има млади луѓе, па се спроведува кампања преку социјалните мрежи. Во моментов е во тек кампања за вакцинирање на млади жени со странско потекло.