Ваљбон Лимани избран за градоначалник на Гостивар
Ваљбон Лимани, кандидат на коалицијата предводена од ДУИ, е избран за градоначалник на Гостивар на повторените локални избори. Лимани доаѓа од Алијанса на Албанците, од крилото на Арбен Таравари. Функцијата не му е непозната, бидејќи претходно ја извршуваше должноста како в.д. градоначалник, по оставката на Таравари за преземање министерска функција во Владата.
Резултати од гласањето во Гостивар
Според првичните официјални податоци, Лимани освоил 64,48 проценти од гласовите. Неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите на избирачите.
Исход и во другите општини
Во Маврово и Ростуше победа оствари кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски. Во општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата на ДУИ, Исен Шабани. Во Центар Жупа за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците, кој беше и единствен кандидат на изборите во оваа општина.
