Државната изборна комисија ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини. Емини доаѓа на местото на пратенико Салим Сулејмани кој поднесе оставка.

ДИК констатираше дека Емини го прифаќа мандатот, со што и беше издадено писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.

Собранието пред почетокот на денешната 52. седница констатираше престанок на мандатот на Сулим Сулејмани, кој поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието.

„Не сакам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе споменати на меѓународни црни листи“, рече Сулејмани.