Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа.
Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди.
Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.
Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер.
Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој.
Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.
One ethnic BG in MK, ex-VMRO/known in drugs world, connected to BG centre in MK, beaten and EU Comm. meets ethnic BG? In decades that MK was independent, ethnic Macedonians in BG were killed, disapperared, and forebidden to have MK centre. Nobody bothered. https://t.co/RDrI4wHpAV
— Hans van den Berg (@bipdirector) February 1, 2023