Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски сподели фотографии од вандализмот врз обновените детски катчиња во оваа скопска општина.

– Тажна е сликата да ги гледате реконструираните детски игралишта вандализирани. Некои од нив не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување им се ускратува правото на игра на децата но се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта како следуваат парични казни, соопшти тој утрово на социјалните мрежи.

Рече, како општина бараат поддршка од граѓаните.

– Сите кои ќе затекнат вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината за да се најдат сторителите и изречат казни.