Кога слушнав дека во Левица го тестирале моето име и сум испливала и ме препознале како блиска до нив на првото соопштување, или кога Апасиев ми ја соопшти веста преку еден месдинџер умрев од смеа, не мислев дека е сериозно, рече професор Билјана Ванковска на денешната прес конференција со претседателот на Левица, Димитар Апасиев на која ја претстави за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори од редовите на Левица.
„Не мислам само да учествувам, ако сум се нафатила чесно ќе се борам со сиот респект кон било кој кандидат”, рече Ванковска
Благодарност до Левица која ми ја даде довербата, јас се чувствувам дел од тимот иако не сум член на партијата. Коментирав настани во моментот кога се случуваа, вела да отвориш фрижидер ќе ја видиш Ванковска, бев активна во многу движења, рече Ванковска.
„Не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба дека постои еден тим и дел од него во она време пред 10 години кога се кандидирав самостојно беа здружени во групи. Патриотизмот преплетен со левичарството ме врзува со нив. Немам идеја што содржи работната верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас ја пишувам мојата. Ниту тие се мешаат во мојата ниту јас во нивната“, кажа Ванковска.
Ванковска посочи дека од времето кога таа се кандидирала за претседател е многу сменето и додаде „за десет години Македонија е се што немаме“.
- Се урна и втор американски воен авион во Персискиот Залив, пилотот спасен
Втор борбен авион на американското воздухопловство се урна во областа на Персискиот Залив, а единствениот пилот е спасен, изјавија двајца… - Најмалку осум луѓе загинаа во земјотресот во Авганистан
Осум луѓе загинаа, а едно дете е повредено откако се урна куќа во главниот град на Авганистан, Кабул, по умерениот… - Спасен еден член од екипажот на соборениот американски Ф-15Е над Иран, потрагата по вториот продолжува
Американски борбен авион Ф-15Е беше соборен над Иран, а САД успеале да спасат еден од двајцата членови на екипажот, изјави… - Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој истакна дека вклученоста… - Иран тврди дека соборил уште еден F-35, се шпекулира дека пилотот е заробен
Иранските сили тврдат дека собориле американски борбен авион F-35 над централниот дел на земјата, при што, според непотврдени извештаи, пилотот…
