Професорката Билјана Ванковска во колумна за „Нова Македонија“ бара да се направи притисок врз власта веднаш да се прекинат преговорите со Бугарија а не да се охрабрува некаков дијалог.
-Да не се лажеме: дојден е нож до коска, до балчак е работава! Состојбата во која сме првенствено како држава, а потоа и како македонски народ изгледа вака: 1) власта продолжува со мекотелната политика на отстапки (и лигавење); 2) анекс на договорот од 2017 не само што постои туку оригиналниот е веќе искористена тоалетна хартија, Бугарите добиваат повеќе; 3) содржина на новиот договор нема да ја соопштат за да „не нѐ вознемират“ (како што велеа и пред Преспанскиот); 4) во тек е пропагандна кампања „за релаксирани односи“ по веќе искусениот преспански терк; 5) за тие што сториле едно велепредавство, прекршиле устав и закон, сториле кривични дела итн. во име на наводно повисоки, европски вредности, отстапница нема, особено кога мора да си го спасуваат задникот; ќе извршат и второ (го нарекуваат „финално решавање на спорот со Бугарија“ небаре сето досега било загревање); 6) самоубиство се одвива со т.н. „салама тактика“, дел по дел низ комисии (онаа едната, историската, станала хидра со девет глави), а конечниот удар треба да го изврши Собранието. Потоа, како и со Преспа, ќе тврдат дека тоа била демократски изразената волја на граѓаните-наведува професорката во дел од колумната.