ФФМ во финална фаза на имплементација на ВАР технологијата
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е на чекор до целосна имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал. Toa претставува значајна етапа во дигиталната трансформација на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Овој револуционерен потег ќе донесе поголема прецизност, правичност и транспарентност во судиските одлуки.
Омерагиќ: Ја затекнав ФФМ во минус од еден милион евра
Во тек е избор на технолошки партнер за ВАР
ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија. Во моментов е во завршна фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач. Целиот процес се реализира во строга координација со ФИФА и УЕФА, согласно нивните меѓународни стандарди за воведување на ВАР системот.
Јакимовски: ВАР ќе донесе поголема фер игра и подобра инфраструктура
Проектниот лидер за ВАР, Дејан Јакимовски, истакна дека оваа иницијатива не само што ќе обезбеди техничка поддршка на судиите, туку ќе стимулира и развој на инфраструктурата на стадионите, со платформи за ТВ камери и логистика неопходна за функционирање на ВАР.
„Со имплементацијата на ВАР, не обезбедуваме само транспарентност во натпреварите, туку и создавање услови за професионализација на клубовите,“ – посочи Јакимовски.
Технолошка поддршка и обука за судиите преку ФИФА програмата IAAP
ФФМ редовно учествува во работни сесии со ФИФА, каде што се дискутираат најдобрите практики за имплементација на ВАР преку програмата IAAP (Implementation Assistance and Approval Programme). Овие сесии опфаќаат:
Технолошка инфраструктура
Логистика и технички ресурси
Обука и сертификација на судии според глобални стандарди
ПМФЛ со ВАР веќе од следната сезона
Со успешно завршување на сите подготовки, од следната натпреварувачка сезона ВАР ќе биде официјално активен во натпреварите на Првата македонска фудбалска лига. Овој потег ја позиционира ПМФЛ рамо до рамо со другите европски лиги кои веќе користат оваа напредна технологија.
Извор: Миа