Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар загуби со убедливи 0-4 на гостувањето кај актуелниот шампион Струга Трим Лум во заостанатиот меч од петтото коло во Првата лига, пренесе Спорт1.
Струга тргна офанзивно по бодовите уште во првото полувреме, а првата посериозна шанса ја имаше Бојку во 24. минута, по што неколку пати се закани Ибраими, како и Радески, меѓутоа „црвено-црните“ го издржаа притисокот.
Домаќинот конечно го скрши притисокот на Вардар во 56. минута, кога одлична топка доби Ибраими и го матираше Гачевски за водство од 1-0.
Вардар се обидуваше да се врати резултатски во натпреварот, но Струга преку Ментор Мазрекај зголеми на 2-0 и го најави потопот на гостите од Скопје.
Стружани постигнаа уште два гола до крајот на натпреварот, а стрелци беа Таири и Јаровиќ за конечни 4-0.
Струга со денешната победа стигна до 24 бода и се приближи до еден бод од Шкендија и Шкупи, кои го делат врвот на табелата, додека Вардар остана последен со 11 бодови, односно два помалку од безбедната зона на табелата.