Ракометарите на Вардар излегоа како победници во македонското финале на традиционалниот ракометен турнир во Струга, победувајќи го Алкалоид со 25:20.
Мечот беше прекинат при резултат 7:5 за Вардар, на полувремето имаа минимална предност, а вториот дел донесе неизвесно финале, во кое победникот на крајот се одлепи и успеа да стигне и до поубедлива предност.
За Вардар ова е 14-ти трофеј на струшкиот турнир, што е и рекорд меѓу клубовите кои учествувале на овој турнир.
Претходно, во борбата за третото место, АЕК го победи тимот на Гуиф со 29:27.