Во Тирана денеска во посета е еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, а попладне ќе допатува помошникот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.
Вархеји ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, со кого ќе разговараат околу евроинтеграцискиот процес и ситуацијата во Украина.
Донфрид, пак, за време на посетата на Албанија, ќе ја одбележи 100-годишнината од американско-албанските дипломатски односи и ќе и се заблагодари на Албанија за нејзината посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Исто така ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за членство во ЕУ.
Таа утре ќе се сретне со премиерот Еди Рама, кој е лидер на Социјалстичката партија, додека како претставник на опозицијата го избра Енкелејд Алибеај, вршител на должноста претседател на Демократската партија. Но, наместо во седиштето на партијата средбата ќе се одржи во просторите на Претседателството на Парламентот.