– Во таа насока, ние мора да ја преземеме нашата одговорност и да донесеме одлуки како што се отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, отворање кластери со Србија, забрзување на работата за кандидатурата на БиХ и визна либерализација за Косово, рече Вархеји по пристигнувањето на самитот.

Варгеји подвлече:

– Задоволен сум од фактот дека Економскиот и инвестицискиот план, кој изнесува една третина од БДП на регионот или околу 30 милијарди евра, веќе почна да се спроведува. Тоа ќе ја забрза вистинската интеграција на општеството и економијата на Западен Балкан со ЕУ