Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратешки приоритет за ЕУ.
-Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно, напиша Вархеи на својот твитер-профил.
Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, присуствува на денешниот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.