Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Pепублика Cеверна Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
– Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам, рече Петков.
Вархеји, пак, како што пренесува БГНЕС, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.
– Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот, додаде Вархеји.