САД ќе и исплатат на Украина нова транша од економската помош во вредност од 1,7 милијарди долари, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.

„Овој најнов пакет економска помош за Украина е дел од ветувањето на претседателот Џо Бајден да ја поддржи украинската влада додека таа ја брани украинската демократија од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“, наведе Јелен во соопштение.

Украинската влада ќе ја добие оваа нова помош преку Светска банка, а таа е дел од економската помош вредна 7,5 милијарди долари што САД во мај му ја ветија на Киев.

По оваа транша објавена денеска, американската помош за Украина од почетокот на конфликтот достигна четири милијарди долари.