Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН –ну – денеска презедоа обврска „да го спречат натамошното ширење“ на нуклеарното оружје.

Обврската беше вметната во заедничката декларација усвоена пред конференцијата на која ќе се дискутира за Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).

Петте нуклеарни сили ја истакнаа својата подготвеност да работат со сите земји за да се воспостави безбедна средина што ќе овозможи да се постигне поголем напредок во разоружувањето, со крајна цел да се постигне свет без нуклеарно оружје, соопшти Франција, која ја координираше работата на овие земји со конференцијата за неширење на нуклеарното оружје.

Декларацијата е договорена во време кога се водат преговори со Иран, земјата што е осомничена дека се обидува да создаде атомска бомба.