Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација.
Новата политика за вакцинација на изданието доаѓа во услови на зголемување на случаите Ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната Делта варијанта на вирусот.
Рајан рече дека повеќето вработени во весникот веќе доставиле документ за вакцинација. Тој истакна дека одлуката не е лесна, но верува дека планот е исправен со оглед на здравствената состојба.