Од извори на весникот се дознава дека бојкотот е планиран како протест против нарушувањето на човековите права од страна на кинеските власти.

Притоа, американските спортисти ќе имаат право да учествуваат во натпреварите.

Конечното решение се уште не е донесено, официјани препораки веќе биле испратени до Бајден, и најверојатно тој ќе ги потврди до крајот на ноември, се наведува во објавата.

Во одговор на објавата на Вашингтон пост, републикаскиот сенатор Мит Ромни изрази поддршка за дипломатски бојкот на игрите.

„Неприфатливо е тоа што Кина организира Олимпијада, а истовремено Комунистичката партија на Кина врши геноцид врз Ујгурите“, напиша Ромни на Твитер.,

Од Белата куќа се уште ја немаат потврдено веста дека се подготвува дипломатски бојкот на ЗОИ 2022 во Пекинг. Официјален претставник изјави дека тоа не било споменато во неодамнешниот разговор меѓу Бајден и претседателот на Кина Си Џинпинг.