САД синоќа воведоа санкции против рускиот претседател Владимир Путин, министрите за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов поради руската инвазија врз Украина.
„Ние сме обединети со нашите меѓународни партнери и сојузници во плаќањето на Русија висока економска и дипломатска цена заради инвазијата врз Украина“, се вели во соопштението на американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Министерството за финансии воведе и санкции за рускиот фонд за директни инвестиции, државниот финансиски субјект за привлекување капитал во развојните сектори на Русија.
Санкции против Лавров и Путин веќе објавија ЕУ, Британија и Канада.