Обвинетиот Васил Јованов призна вина по обвинението за сообраќајната несреќа од 29 јануари во која животот го загуби 22 годишната Фросина Кулакова.
Произнесувајќи се за вина пред судот, на семејството на Фросина изрази сочувство и извинување. Нејзините родители претходно пред судот побараа највисока казна. Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за одземен живот, рекоа тие пред судот.
Со признанието на вина во судница ќе бидат изведени само доказите кои се однесуваат на висината на кривичната санкција.
Извор: Канал5 Тв