ПОСЕБЕН ДЕН ЗА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО❗
🇲🇰🇮🇹ОФИЦИЈАЛНО ЗБРАТИМУВАЊЕ СО ОПШТИНА ПОНТЕНУРЕ, Р.ИТАЛИЈА‼️

🇲🇰🇮🇹Општина Василево е прва општина во Југоисточниот регион но и пошироко во Република Македонија која изврши збратимување со општина од Р.Италија❗
🤝Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации. Токму ова денешно официјално збратимување со Понтенуре се темели на една таква иницијатива, од пред една година, поттикната од нашите Македонци кои живеат во Понтенуре.
✅Ние од општина Василево сме срдечни и гостопримливи луѓе, а одликата на секој граѓанин на Василево е домаќинлукот кој отвора врата и подава рака за нови пријателства.
✅И не само тоа, од денес, сите жители на Понтенуре се и наши сограѓани, нивното доаѓање во Василево од денес е – одење дома, слободно да го сметаат нашето Василево како братска куќа. Да се создадат трајни и нераскинливи соработки и релации во сите области на општественото живеење, од туризам, преку култрура, спорт, традиција.
✅Намерата е во интерес на граѓаните од двете општини да се развие дијалог и да се зацврсти соработката. Да се разменуваат искуства и преку реализирање на заеднички активности и проекти , делувајќи во атмосфера на доверба и дух на солидарност да се придонесе за заеднички развој.
🤝Се надевам дека заедно ќе настапиме пред развојните европски фондови , каде што треба да бидеме инвентивни при подготовка на нашите проекти.
🇲🇰🇮🇹Се надевам дека ова збратимување ќе не поврзува со векови и покрај илјадниците километри што не разделуваат сепак ќе трае и ќе се одржува низ времето.