Сите сте свесни колку многу афери и колку многу криминали излегоа последниве неколку години. Во последната година мислам дека на дневно ниво барем по 2-3 скандали и тоа челни лица на владејачката коалиција и кога ќе видете за колку пари станува збор, за какви објекти станува збор и за какви дејствија станува збор, 24 годишно момче води милионерски бизнис,се водат фамилијарни бизнис, тоа е нереално, истакна пратеничка Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „За или против“.
Василевска во текот на своето гостување посочи дека оваа владејачка гарнитура врши рекет врз голем број на фирми се со цел да си ги наполнат своите сметки. Имено таа укажа и на незадоволството на стопанските комори и заклучи дека токму поради сето ова кое го прави владејачката гарнитура е толку ниска и довербата во судството.
-Секој ако има можност нека си заработи пари, ама чесно. Со политичка моќ, со рекет, знаете дека не постои фирма во државата каде што треба да платат на владејачката партија, на одредени центри на моќ. Зошто стопанските комори се толку разиграни, зошто се толку револтирани? Зошто граѓаните губат доверба, зошто ни е 3% доверба во судство, сето тоа е еден систем поврзан кој што ја покажува вистинската слика на ова владејачка гарнитура и во такви услови кога нивниот фокус е да изграбаат што повеќе пари и средства и да стават на своите приватни сметки да имаат што повеќе моќ на тој начин бидејќи веројатно, знаете празни луѓе кои што немаат друго ништо освен пари, тоа е како шагринска кожа ја продале својата душа за одредени материјални бенефити и тоа ќе ги одразува и тие губат чувство и за одговорност и за својата функција. Дури и своите функции не ги доживууваат како што би требало да ги доживуваат. Тоа би требало да им биде чест, да водат одреден историски моментум, на една нација која што е удрена со многу прашања и дилеми кои треба да се разрешат, рече таа.