Наместо денес да говориме за неспособноста и матните зделки на министер за земјоделие Љупчо Николовски, ние расправаме за неговиот заменик, невидлив за јавноста, рече Иванка Василевска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Василевска ги спомена сите сомнителни доделувања на земјоделско земјиште.
Најголемиот дел од земјоделското земјиште кое што е распределило, го има добиено лице кое што е блиско до власта, лице кое нема механизација, а ниту пак заслужува да работи земјиште во Свети Николе, а со адреса на живеење е во Скопје. Преку една фирма добил преку 70 хектари земјиште во атарите на село Сопот и Преод и лицето практично го узурпира земјиштето, кое наместо да има биде доделено на локалното население кое насушно егзистира од земјата, му се доделува магично на овој човек. Затоа е дискутабилно и симптоматично што никој од власта не се зафати да го провери ова и наместо да се земе на одговорност Николовски, ние денеска го дискутираме разрешувањето на неговиот заменик, сметаа Василевска.
Василевска посочи дека со промена на власта ќе следува одговорност за сите.
Престанете да ја продлабочувате оваа дупна без дно на партизираност. Ова што денеска ни се случува, верувајте ќе не чини скапо, рече таа.