Партија која помина многу искушенија, многу предизвици, и во овие четири години последни, доста тешки но една внатрешна трансформација која резултираше и со потврдување на вториот мандат на претседателот Христијан Мицкоски, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Василевска додаде дека не мисли дека е помалку демократски, смета дека тоа е принцип на една конзервативна партија која има намера да направи своја програма, приложи своја нова доктрина врз основа на која што ги покажа своите цели кон каде се стреми.
-Многу е вредно да се спомене дека секој, не само делегатите на Конгресот туку и секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ овие четири години кои што остана стамена на две нозе, за задржа својата партиска и државна логика во однос на тоа како ја гледа Република Македонија вреди многу повеќе од еден човек, тоа е секој еден претставува многу луѓе бидејќи сите ние се обединуваме зад едно мото,а тоа е – Македонија за сите луѓе, рече Василевска.
Василевска посочи дека идејата на новата доктрина е тоа што сака ВМРО-ДПМНЕ да помогне за напредок на Република Македонија со нови политики наспроти оние штетните на власта кои државата ја влечат се повеќе назад.
-На македонските граѓани без оглед на етничката припадност им треба работа, им треба спокој, им треба услови и реални еднакви можности. И ВМРО-ДПМНЕ во оваа втора епоха токму тоа сака да им го понуди. Тоа не е она популистичко или предизборно ветување за собирање на гласови мислам дека и пред неколку дена претседателот Мицкоски имаше прес конференција во која што кажа дека нам не ни се потребни функции и власт, доколку тоа е само услов за лична корист. Нас ни треба Македонија просперитетна, европска, земја во која што младите ќе останат во државата, ќе го дадат својот придонес и ќе веруваат во нејзе, појасни Василевска.
Василевска укажа дека со власта Македонија доби само гол популизам. Го посочи ветингот на Зоран Заев кој што го ветуваше пред избори во судството, тоа само било обично ветување кое досега воопшто не се реализираше.