Папата Франциско (86) помина добра ноќ во болница по хоспитализирањето поради респираторна инфекција, изјави денеска претставник на Ватикан.

Повеќе информации за здравствената состојба на папата се очекуваат во текот на денот, а се претпоставува дека тој ќе остане на преглед уште два-три дена.

Папата Франциско во средата беше примен во болница во Рим бидејќи претходните денови имаше тешкотии со дишењето.

„Папата, кому му беше отстранет дел од белите дробови кога беше млад, сега нема коронавирус, но ќе остане во болница неколку дена на лекување“, додаде Ватикан, пренесе АП.

Се очекува папата да зборува в недела.