На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.751 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани.
Со последните бројки 54 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.