Вчера биле регистрирани 36 поголеми пожари. Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, изгаснале 30 пожари, а 6 пожари утрово сѐ уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање и догаснување.
Активните пожари во моментов има во: Општина Битола 3 пожари, кај с.Црничани (каде што гори нискостеблеста вегетација), с.Лознани (нискастеблеста вегетација) и кај с.Ивањевци (ниска вегетација) и во
Општина Прилеп, 3 пожари – кај Слепче (ниска вегетација), с.Долнени (ниска вегетација) и кај с.Тројкрсти (ниска вегетација), информираа од Центарот за управување со кризи.
Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела Македонија и тоа во:
– Општина Гази Баба, 2 пожара – кај с.Раштак (ниска вегетација и шума) и во кругот на фабрика „Железара“ (ниска вегетација);
– Општина Кисела Вода, месност „Три круши“ (ниска вегетација и шума).
– Општина Сарај, кај с.Кондово (каде што гори ниска
– Општина Карпош,с.Нерези (депонија);
– Општина Бутел,с.Радишани (ниска вегетација);
– Општина Гази Баба,с.Брњарци (ниска вегетациуја);
– Општина Прилеп, с.Ропотово место викано Дабјани (ниска вегетација);
– Оптшина Крушево 2 пожари – кај с.Бучин(ниска вегетација) и кај с.Свето Митрани (депонија);
– Општина Струмица, с.Просениково (стрниште);
– Општина Струга, 3 пожари – кај с.Татеши(ниска вегетација и стрниште), с.Лабуништа(ниска вегетација), и кај с.Заграцани и Долна Белица (ниска вегетација и стрниште ;
– Општина Кичево, 4 пожари – кај с.Туин (стрниште), с.Црвенци(стрниште), с.Зајаз (стрниште) и кај спортска сала во Кичево (стрниште);
– Општина Македонски Брод, с.Грешница (ниска вегетација);
– Општина Штип, до населба „Леваци“ (ниска вегетација);
– Општина Кочани, с.Кучичино (ниска вегетација);
– Општина Пробиштип, с.Бучиште (ниска вегетација);
– Општина Брвеница, с.Милетино (борова шума);
– Општина Гостивар, с.Градец(ниска вегетациуја);
– Општина Куманово, 4 пожари – кај месноста „Аџитепе“ (ниска вегетација), с.Уминдол (ниска вегетација), с.Ваксинце (ниска вегетација), с.Матејче (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, с.Младо Нагоричане (ниска вегетација) и во
– Општина Крива Паланка, кај с.Градец месност „Мачиште“ (каде што гореше борова шума и ниска вегетација).