Јас од моите обврски не бегам, ниту смеам, ниту можам, ниту сакам и тоа ќе го барам од сите вас им порача вечерва на присутните на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржува во Скопје. .

„Тие што нашите обврски кон граѓаните ги заборавиле или не ги исполнуваат, одговорно ви велам дека ќе им се заблагодариме.

Ниту имаме можност, ниту смееме, ниту ќе дозволам толеранција кон неефикасност, неспособност, нечесност. Јавно кажувам. Мора да има ред, знаење и работа. Мора да има дисциплина“ истакна Ковачевски.

Немам намера, додаде тој, заради малкумина, да загрозиме се што е направено, се што треба да се направи за оваа држава и народ и да оставиме простор на популисти и лажни патриоти, кои би продале сѐ, би сториле сѐ и би растуриле сѐ за пари и фотељи.

„Јас ќе водам. И ќе барам поголема солидарност, сплотеност, одговорност. Од сите. За сите такви има место во СДСМ. СДСМ и е потребен на државата! За да служи, за да исполни, за да реализира победи и успеси на нацијата“ порача претседателот Ковачевски.