Сопругата на американскиот претседател, Џил Бајден, посвои двегодишна мачка која ќе биде првото вакво животно во Белата куќа, каде миленичињата традиционално се кучиња.
-Вилоу дојде кај нас, напиша првата дама на САД, на Твитер, додавајќи дека мачката го добила името по нејзиниот роден град Вилоу Гроув.
Вилоу, сиво-бела женка со тигарски пруги, има долги мустаќи и зелени очи, а на сликите е прикажана како оди по ходниците на нејзиниот нов дом – Белата куќа.
Прес-службата на првата дама на САД објави дека „првата мачка“ го освоила срцето на Џил со постојано скокање на бината кога таа држела говор во американската сојузна држава Пенсилванија. Мачката била префрлена во Белата куќа заедно со нејзините омилени играчки, а и бил обезбеден голем простор за истражување и душкање. Во Белата куќа кучињата традиционално се домашни миленици. Бајден има германски овчар по име Командер.