Дуото „Кантон 6“ годинава го отвора десетиот по ред „Прилеп џез викенд“, вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Последни вечерва свират „Летечки пекинезери“, а утре отвораат „Такси консилиум“.Во вториот дел присутните ќе уживаат во гитаристот Тони Китановски и бендот „Панда 5“ .

Третиот ден на фестивалот нуди многу интересна програма – започнувајќи со омаж на легендарниот бенд „Џеџмесинџерс“, кој започна со работа во 50-тите и беа активни до 90-тите години од минатиот век.

Џез-викендот ќе го затвори составот на врвни музичари „Сајга квартет“ со Јуре Пукл, словенечки саксофонист штоживее и работи во Њујорк, во придружба со познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов.

Ова година во оф-фест програмата на 29 август на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе има настап групата „Љубојна“.