Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше претстојниот натпревар на тимот со Борусија Дортмунд во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
– Тоа дефинитивно ќе биде важен натпревар од турнирски аспект. Но, по ова остануваат уште четири кола, па сите четири селекции се уште ќе имаат надеж за пласман од групата. Натпреварот нема да биде решавачки, но ќе биде важен. Борусија нема пораз на домашен терен во Лигата на шампионите речиси две години, па знаеме каков тежок натпревар ни претстои, изјави Пиоли за сајтот на УЕФА.
Натпреварот ќе се одигра вечер од 21 часот на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд