Со големо влијание на јавноста се следи вечерата меѓу Еди Рама и лидерите на албанските партии во Македонија. Во екот на серија кризи во владејачките партии, отсуство на мнозинство за уставни измени и под засилени активности за предвремени избори, лидерите од албанскиот политички блок заминуваат кај албанскиот премиер.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја осуди оваа средба и истата ја смета како гума за спас на Ковачевски, од СДСМ нема никаква реакција. Ковачевски којшто бурно коментира многу работи без разлика дали е во право, за оваа средба како заврзан во ланец молчи и целосно ја игнорира оваа тема и покрај големата медиумска фама. Молк освен од СДСМ вечерва има и од ДУИ, а ова следува откако вчера Османи средбата ја најава само како обична „новогодишна вечера“.

На оваа средба одат сите освен Касами, кој во моментов е и единствениот политички лидер во албанскиот блок кој активно бара избори.

„И овој пат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении. Токму ова е причината што Движењето БЕСА и Билал Касами нема да седнат на маса со оние кои не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама“ – велат од БЕСА

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ дели сличен став, само што тие тиранскиот коктел го гледаат како

Рама ги собра политичките лидери на Албанците во Македонија во време кога ДУИ се соочува со огнената група а единствен спас во оваа ситуација за Ахмети е проширување на владејачкото мнозинство со влез на Алијанса во Владата. Но Таравари на крајот од декември ја одбил последната понуда на Ковачевски за влез во Владата па во албанските опозициски кругови денешната вечера се коментира како обид да се натера новиот политички лидер да стане дел од мнозинството, со што Ахмети би добил голем капитал во битката со Меџити кој нема да може да го уценува со своите 4 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста кон крајот на месецов во Собранието да го постави прашањето за доверба на Владата, ситуација во која мнозинството не може да опстане без обединет албански блок.

Свесни за политичкиот амбиент, од Алтернатива утрово порачаа дека не одат во Тирана да го спасуваат Ахмети.

„Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од се’ е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза“ – велат од Алтернатива.