Вечерва во 22:24 часот ќе започне пролетта и ќе трае до 21 јуни, односно 92 дена 17 часа и 33 минути. За многумина најубавото годишно време настапува кога Сонцето во неговото привидно годишно движење ќе го „пресече“ екваторот и ќе мине на север.

На денешен ден, Сонцето изгрева на исток во 5:42 часот, а заоѓа на запад во 17:50 часот. Денешниот ден се нарекува и пролетна рамноденица, бидејќи денот и ноќта траат по 12 часа. Северната земјина хемисфера денеска влегува во пролет, а во јужната ќе почне есен.