Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски:
Како што тврдевме, така и испадна. Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ. Прашањето е едноставно: Што толку има ДУИ за него и за Заев, за да не можат да се тргнат од нивниот скут? Секојдневно зборуваат за „ново раководство“ и „автентични одлуки“, а на крајот повторно се враќаат кај старите партнери во криминал и во корупција.
Филипче сам призна дека СДС и ДУИ повторно се едно исто. Две партии без легитимитет, без идеи и без визија, кои знаат само да се бранат зад етнички поделби и криминални интереси. Македонија им сврте грб и тоа ги боли.
Најголемата вистина е дека СДС нема што да понуди: нема политика, нема програма, нема енергија. Затоа единствената нивна стратегија е хаос, дезинформации и клевети.
Македонските граѓани одамна ја разбраа играта на Филипче и неговите ментори. Затоа СДСМ е четврта партија со 6% рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ е таа што ја води државата кон стабилност, економски раст и европска иднина.
Филипче може да држи уште илјада вакви пресови, но едно ќе остане факт: Народот не живее од неговите лаги и ПР-празнословија, туку од реалните политики и резултатите кои Владата ги испорачува секој ден.“