Ажурирање на Chrome по откриена критична безбедносна слабост

Google објави нов безбедносен patch за Chrome откако беа откриени две ранливости, од кои едната веќе е искористена од сајбер криминалци.

„Ранливоста CVE-2025-13223 е сериозен безбедносен пропуст предизвикан од грешка во ‘type confusion’ во Google Chrome V8 JavaScript“, се вели во соопштението на компанијата.

Пропустот беше откриен минатата недела од член на тимот за анализа на сајбер закани на Google, кој често идентификува zero-day напади од државни актери насочени кон корисници со висок ризик, како новинари, опозициски политичари и разни активисти.

Google веднаш ја закрпи оваа zero-day верзија со нови верзии на Chrome: 142.0.7444.175/.176 за Windows, 142.0.7444.176 за macOS и 142.0.7444.175 за Linux.

Иако овие верзии постепено ќе бидат достапни за сите корисници во каналот Stable Desktop во наредните недели, закрпата веќе е достапна, објави Bleeping Computer.

Chrome обично се ажурира автоматски штом пристигне нова безбедносна закрпа, но корисниците можат да ја проверуваат верзијата и рачно со одење во Chrome > Help > About Google Chrome. Откако ќе заврши преземањето, само кликнете на „Relaunch“ за да ја инсталирате најновата верзија.