Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
