Веднаш потоа во салата „Бели Мугри” се одржа Свечена Академија на која Свечено обраќање до присутните имаше градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев и беа врачени традиционалните награди и признанија

На свеченоста, пофалница им се додели на Богданчо Драскачев и Благој Ѓорчевски – хуманитарци, волонтери во гаснење пожари, Никола Димов – кајакар, Тале Илиевски – атлетичар, маратонец, Марија Пановска – кајакарка, Марија Николов – кошаркарка, Камелија Дуковска – виолинистка и Томе Трајков – граѓански активист, информираат денеска од Општина Велес

Благодарница 9 ти Ноември добија волонтерите на ОО на Црвен крст Велес, Ненад Витанов – театарски режисер, Елма Шемсовиќ – фудбалерка, Петре Штерјов – пијанист и хуманитарец, Дарко Николов – одбојкар, Трајче Чатмов – ликовен уметник, Ангел Мицевски Скакар – тренер и претседател на Боречки клуб Борец, ЈЗУ Општа болница Велес, Филип Иванов – хуманитарец, Филип Арилон – музичар, гајдаџија и Благородна Донева – етно креатор и уметник.

По предлог на градоначалникот на Општина Велес, благодарници се доделија и на сите компании кои помогнаа да се отвори пунктот за вакцинација во Велес.

Спомен плакета „9 Ноември” му се доделува постхумно на Игор Ангеловски – поранешен командир на Полициска станица Велес, како и на РОНТИС ДООЕЛ и МАРКАРТ Македонија ДООЕЛ, како општествено одговорни компании, со континуирана поддршка на неколку институции во градот.

Наградата за животно дело „Гемиџии” му се врачи на актерот во пензија Александар Ѓорѓиев, кој својот работен век го помина како член на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот”, а беше и негов директор.

Свеченоста беше заокружена со уметничка програма „Македонска приказна” во изведба на Трио Џентлмен.