Велешанец на возраст од 42 години е третиот случај на конго-кримска треска во Македонија во текот на овој месец. Инфекцијата претходно беше кобна по животот на 27-годишна жена од штипското село Кучица. Од неа се зарази и вработена на инфективната клиника кој пројави симптоми на деветтиот ден од изолацијата, објави Прес24.
„Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес“, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Пациентот, додаваат ид ИЈЗ, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и се наоѓа во стабилна општа состојба.