Кажа дека се чувствува виновен и дека се кае за стореното дело. Дополнително се извини на семејството, но целата јавност. Сепак побара поблага казна.
Неговиот адвокат не сакаш да ја коментира можната пресуда. Пред новинаррите кажа дека останува едноставно да ја чека пресудата која ќе биде изречена овој петок.
-Обвинетиот си го призна делото во целост, искрено се покаја, свесен е за последиците од кривичното дело и за санкцијата што ќе следи. – Андреја Весов – Адвокат на обвинетиот.
Обвнителката Славица Темелковски пак кажа дека Николов во моментот кога го возел мерцедесот бил и со одземена возачка дозвола и пијан.
После воведниот говор, обвинетиот си ја призна вината за сторените кривични дела, ова не е некоја новина, бидејќи и при давањето на исказот во време на истражната постапка, обвинетиот и тогаш го призна извршувањето на двете кривични дела. Исходот зависи од одлуката на судот.
Адвокатот на оштетеното семејство Јанаки Митровски не се сложува целосно со обвинението. Смета дека треба да се бара одговорност и од оние кои биле во автомобилот на обвинетиот кога се случила несреќата, а исто така да се изнесат пред лицето на правдата и оние кои го криеле додека полицијата го бараше. Митровски даде и своја прогноза за пресудата.
Родителите на 11 годишната Магдалена Иванова се приклучија кон прогонот, но не беа присутни на судењето.
Семејството на 11 годишното девојче не беше присутно на судењето, бидејќи, како што кажа нивниот адвокат, се девастирани од целото случување, па поради тоа, не сакале да ја продлабочуваат својата болка.
Магдалена беше смртно прегазена на пешачки премин на 17 декември лани. Николов, според доказите на обвинителката, на место каде што е дозволена брзина од 30 кмч, тој возел со речиси 70 кмна час и тоа навечер по влажен коловоз. По ударот, тој побегнал од самото место, а по ден и половина криење сам се пријавил во полиција.