Полицијата во Велес го лишила од слобода 43-годишниот И.М., откако било пријавено дека во својот дом ѝ се заканувал на 41-годишната поранешна сопруга.

Случајот бил пријавен во текот на ноќта, а полициските службеници од СВР Велес постапиле по пријавата и го привеле И.М.

По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека 43-годишниот Велешанец бил под дејство на алкохол. При мерењето му биле утврдени 2,14 промили алкохол во крвта.

„На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта“, информира МВР.

И.М. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.